До денеска попишани вкупно 1.695.549 лица

Вкупно 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Во странство, пак, можноста за самопопишување досега ја искористиле 199.819 граѓани од дијаспората.

Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе