Внатрепартиски избори

До 18.00 часот гласале над 78 отсто од членовите на СДСМ

На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18.00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните гласачи.

Како што соопштија од партијата, гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.

По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од  вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.

Својот глас денеска го дадоа и тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе