Како што соопштија од партијата, гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.
По затворањето на гласачките места во 19.00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Својот глас денеска го дадоа и тројцата кандидати за наследник на Зоран Заев – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.