Локални избори

До 17 часот излезноста е над 41 отсто

До 17 часот правото на глас го искористиле 41,39 отсто, велат од Државната изборна комисија (ДИК). Според обработени 72,42 отсто од гласачите, до 17 часот гласале 547.048 граѓани. Право на глас на овие избори го имаат 1.824.864 граѓани.

Гласањето во дел од избирачките места ќе биде продолжено и по 19 часот. Како што рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција, избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе