До 1 мај влез во Грција по старите правила, потоа привремено се укинува и сертификатот и тестот за ковид

Актуелните правила и предуслови за патување во Грција се продолжени до 1 мај. Тоа значи дека и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, и стапи во сила утрово, а важи до 1 мај 2022 година.

Во однос на документот поврзан со ковид-19, правилата остануваат непроменети, односно сертификатот за вакцинација е со важност до девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид.

Влез во земјата е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 37 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив е и Македонија.

Патниците ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања.

Втората опција е со потврда за прележан ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот.

Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам.

Непроменети се и мерките што важат во внатрешноста на Грција, маската и понатаму е задолжителна за сите затворени простори, а за влез во сите објекти, потребен е документ за ковид-19 кој се скенира со специјална апликација. Исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи.

Овие мерки ќе се променат од 1 мај, кога привремено, до 31 август се укинуваат сертификатот за вакцинација или прележан ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, додека пак за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука.

 

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе