Поради конфликт на интереси

ДКСК препорача, а Нефи Усеини ќе остане без добиените тендери со општина Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец" ги раскина сите договори со фирмата „Нефи ИК" на советникот од ДУИ во Советот на општина Охрид Нефи Усеини.

Претходно, Државната комисија за спречување корупција даде мислење дека општина Охрид не може да влегува во деловни односи со компанија на советник на општината или на негови блиски лица.

Компанијата на Нефи Усеини имаше три договори со општината. Еден од нив беше и одржување на депонијата Буково за 47.000 евра.

Се очекува и ЈП „Градски пазар“ да го раскине договорот за набавка на градежни материјали,   ЈП„Нискоградба“ за изработка на бекатон плочки.

Фирма на Усеини со јавното препријатие „Градски гробишта“ има еден договор, за набавка на градежни материјали, за кој исто така се очекува, според препораките на антикорупциска, да биде раскинат.

За утре е закажана седница на Советот на општина Охрид каде ќе биде презентиран акцискиот план за споведување на препораките на УНЕСКО и прогласување мораториум на градежните активности. Тогаш ќе се знае што ќе се случи со платформите на угостителските објекти долж крајбрежјето од градскиот плоштад, па сѐ до Канео.  Една од нив е и на Усеини.

Градоначалникот Константин Георгиески вели дека сите градби кои добиле решенија ќе се рушат, а понатамошните градежните активности ќе зависат од планот за управување со регионот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе