Прес-конференција

ДКСК: Од 707 одлуки донесени лани 404 се од областа на корупцијата

Одлуки за вкупно 707 предмети донесе лани Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), а од нив 404 одлуки се од областа на корупцијата, 171 од областа на судирот на интереси, 40 одлуки за непочитување на законски одредби за време на изборниот процес, а 92 на проверка на имотот на функционерите, информираше денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

„Комисијата покрена и над 794 постапки по сопствена иницијатива, прими и разгледа 819 пријави од граѓани, организации, институции, со сомневање на постоење на корупција, злоупотреба и судир на интереси. Дополнително е извршена и антикорупциска проверка на 17 закони, а благодарение на одличната соработка со институциите и граѓанските организации. ДКСК започна со следење на спроведувањето на активностите предвидени со Националната стратегија“, рече Ивановска на прес-конференција на која беа сублимирани активностите реализирани во рамките на Кампањата за интегритет, како дел од проектот за „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија“.

Говорејќи за активностите во рамки на проектот, Ивановска кажа дека во Комисијата реализирале крупни активности, кои во голема мера ја подигнале системската борба против корупцијата и судирот на интереси и тука ги издвои укажувачите како важна алка во зајакнување на принципите за владеење на правото.

„За да го унапредиме овој систем и да создадеме услови за тој да заживее, развиваме и софтверско решение за поддршка на укажувачите. Со ова решение се олеснува процесот на пријава на неправилности, а притоа се охрабруваат поединците полесно и на анонимен начин да ги пријавуваат своите сомнежи и сознанија за постоење корупција. За да придонесеме повеќе за создавање позитивна клима за заштита на укажувачите и воопшто за олеснување на овој процес, оваа алатка им ја понудивме и на повеќе други институции кои инаку се законски обврзани да ги следат укажувачите, а голем дел од нив и веќе ја прифатија оваа можност да ја користат – меѓу нив Народниот правобранител, Инспекцискиот совет и повеќе инспекторати“, појасни Ивановска, додавајќи дека во тек е инсталација на ова софтверско решение во МВР.

Таа посочи дека го вовеле и системот на интегритет преку кој им пристапиле на институциите на централно и на локално ниво. Преку овој систем, како што појасни, тие се обврзани на воспоставување, спроведување, следење и известување за примената на системот на интегритет.

„На овој начин ќе ги следиме и ќе имаме добар увид и мерливи резултати за постоењето на корупцијата на сите нивоа. Понатаму, дигитализиравме повеќе алатки со кои го олеснивме начинот на делување против корупцијата. Би ги издвоила ккреирање софтверско решение за спроведување на Националаната стратегија, по кое лесно ќе може да измериме која институција постапува и ги применува препораките дадени од ДКСК, воспоставена е мобилна апликација за да бидеме блиску до секој граѓанин и да  укажеме на потребата од поголема транспарентност со што значително ќе се олесни можноста за преземање на активност од страна на секој поединец“, додаде Ивановска.

Таа најави дека за кратко време ќе се доврши и регистарот за избрани и именувани лица со кој ќе имаат електронско доставување на изјавите за имотна состојба и интереси, систем на прибирање податоци од други институции, нивна обработка итн., а во тек е и донесувањето на квантитативно истражување за перцепциите и ставовите на граѓаните за укажувачите.

Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер истакна дека во рамките на кампањата за интегритет и кампањата „Сакам да знам“ посигнале значајни резултати, за што говорат и бројките од мерењето на јавното мислење кое се спровело кон крајот на минатата година.

„Во споредба со 2020 година имаме 15 проценти зголемување на свесноста на граѓаните за правото на пристап до информации од јавен карактер. Дури 57 проценти од граѓаните се запознаени со овој факт, а 44 проценти од граѓаните знаат дека постои законот за слободен пристап од информации од јавен карактер што е за 11 проценети зголемување во споредба со претходната година. Над половина, односно 56 отсто од граѓаните сметаат дека имаат право да достават барање до државните институции согласно Законот, и тука имаме зголемување од 13 проценти во споредба со 2020 година. 45 отсто од граѓаните изјавиле дека знаат за нивното право на жалба, што е за 13 години повеќе од октомври 2020 година“, информираше Бојчева.

Таа апелираше до сите граѓани да не го игнорираат правото што им е загарантирано со Уставот и заштитено со закон и да поднесуваат барања за пристап до информации од јавен карактер до државните институции преку веб-страницата на Агенцијата.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе