Избегнување да се потпише прием на документ

ДКСК никако не може да најде еден пратеник кој фирмата ја препишал на син

Државната комисија за спречување на корупцијата никако не можела да достави документ до еден пратеник, па реши случајот да ѝ се отстапи на прекршочната комисија. Пратеникот, пред да го добие мандатот, фирмата која ја поседува му ја предал на својот син, што законски не е дозволиво кога е во прашање член на семејство. Антикорупционерите сметаат дека треба да се провери имотната состојба на еден судија, но по добиената пријавата и барањето за кривична одговорност на судијата, упатуваат да се произнесе Судскиот совет.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната јавна седница поради непостапување по член 35 и не можност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија.

Причина за тоа, како што беше истакнато на седницата, е неможноста нивниот документ да го достават до адресата на пратеникот, ниту по обидот тоа да го направат преку Собранието.

ДКСК по сопствена иницијатива отворила постапка за анкетниот лист на еден пратеник за кој било констатирано дека фирмата која ја управувал му ја доделил на неговиот син по изборот во Собранието. Како што беше посочено, согласно член 77 тоа не е дозволено и управувањето не може да биде доделено на член на семејството.

-Долго време се обидувавме барањето да го доставиме до пратеникот, но се враќаше како непозната адреса, побаравме и преку Собранието, но и оттаму ни беше доставено како недоставено, рече Катица Николовска од ДКСК

По барање за преиспитување на одлука односно постапувањето, водењето на постапката од страна на судија и барање за кривично гонење пред ОЈО, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако го разгледале предметот и утврдиле дека не е нивна надлежност, на денешната седница одлучи пријавата да се упати на надлежно постапување на Судски совет на РС Македонија.

Судијата посочен во предметот, заклучија на денешната седница членовите на Антикорупција, да се вклучи во годишниот план за проверка на податоците од анкетниот лист за имотната состојба, со годишната програма од 2022 година.

Катица Николовска, член на ДКСК, која образложи повеќе предмети пристигнати и разгледувани во Антикорупција, информира дека имаат дадено издржани забелешки до Министерството за финансии за новиот Нацрт – закон за ревизија

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе