ДКСК констатира нови случаи на непотизам при вработувања

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) по направената анализа на 10 предмети за постапка за вработување од 2004 до 2019 година на денешната седница констатира елементи за непотизам или влијание при вработувањето на блиски лица.

По овие предмети, во кои се користело дискреционото право на директорите во институциите согласно Законот за работни односи за избор при вработувањата, а не постојат во најголем дел и документи за извршена селекција врз основа на бодирање и ранг листа, ДКСК нема надлежност и можности да покренува постапка. Сепак, Антикорупциска, од каде посочуваат дека се работи за „владеење преку правото“, ќе бара измени во Законот за работни односи затоа што остава простор односно генерира непотизам, како и исклучување на Агенциите за привремени вработувања во јавниот сектор, како еден од вентилите, како што рекоа, за згрижување блиски лица.

Четири случаи, од овие 10, се однесуваат на АЕК, по еден случај е за ЕЛЕМ и за Телеком, два предмети се за Централен регоистар, еден за ЈП Водовод и канализација – Скопје и еден случај за ЦУК. За едно вработување во МВР, ДКСК очекува дополнителни информации.

Од конкретно разгледуваните случаи се посочија вработувањата на ќерките на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, Слободанка Гиева во тогашен Т-Мобиле, која во 2017 година била унапредена во главен директор за човечки ресурси и регулативи и Бојана Гошева во АЕК.

Меѓу споменатите беше и Христина Божиновска, вработена во АЕК, сопруга на Кирил Божиновски поранешен генерален секретар во Владата. Сестрата на поранешниот амбасадор Андреј Лепавцов, Драгица Лепавцова, исто така, вработена во АЕК. Во ЦУК е вработен таткото на Игор Јанушев, Љубен. Во ЈП Водовод и канализација Скопје е вработена братучетка на Антонио Милошоски, во 2007/2008 година кога бил министер, бил вработен и неговиот братучет Станко Коруноски во Централниот регистар. Братот на Анастасија Илиевска, која во 2008 година била советник за безбедност во Кабинетот на Претседателот се вработил во Централниот регистар во Прилеп.

ДКСК претходно ги одби петте приговори поднесени од генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, како партија, учесник/организатор на изборна кампања.

Првиот приговор  е против  Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против градоначалник на Општина Гази Баба, Скопје, а третиот против градоначалник на Општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против градоначалник на Општина Кисела Вода, а петтиот против градоначалник на Град Скопје.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе