ДКСК ги потсетува функционерите дека имаат забранa за некои активности во изборен период

На почетокот на изборната кампања Државната комисија за спречување на корупцијата ги потестува државните функционери дека според Изборниот закононик во изборниот период има ограничувања и забарани на одредени активности. Ова се однесува за министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата.

Според член 8-а и 8-б од Изборниот Законик, како и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси „од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите не може да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“.

За време на изборниот период „не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“.

Исто така во овој период не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Во законикот пишува дека „во периодот од 20 дена пред почнување на изборна кампања, па до завршување на изборот на пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти.“

За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.

ДКСК нагласува дека по доставени барања од институциите нема да дава мислења, согласности кои се однесуваат на вршење активности претходно опфатени со забраните.Оговорноста за работењето на институциите е на нивните одговорни лица.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.

„Во таа насока, ја повикуваме јавноста да го користи „регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал“ објавен на веб странцата на ДКСК, и секоја злоупотреба на возилата за партиски цели да биде пријавена.

Поставен е и образец „пријава“ и секоја повреда на претходно наведените ограничувања да биде пријавена и поднесена преку меил.

Сакаме да соопштиме дека оваа година ДКСК воспостави посеопфатно следење на активностите на учесниците во изборната кампања. Обезбеден е пристап до трансакциските сметки на сите учесници со цел увид во средствата кои се прибираат за финансирање на изборната кампања. Обезбеден е пристап до бази на податоци од неколку институции со кои ќе може да се врши вкрстена проверка на прибраните финансиски средства. Со меѓународна поддршка, ангажирани се набљудувачи и извршена е обука за начинот на снимање на активностите на учесниците во изборната кампања на терен. Добиените податоци ќе бидат користени во насока на обезбедување докази за регуларноста на изворите на финансирање од страна на учесниците во изборната кампања. Во однос на обврската на ДКСК за одржување на јавни седници поврзани со одлучувања по поднесени приговори од организатор на изборна кампања во случаи на сомневање за незаконито финансирање на изборна кампања или незаконито користење и располагање со буџетските средства, имајќи ја предвид ситуацијата со ковид-19 вирусот“, соопшти ДКСК.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе