ДКСК бара одговорност, Владата има уште една недела да одговори на барањето за смена на Горјан Тозија

Владата има уште една недела да одговори на барањето на Државната комисија за спречување на корупцијата за смена на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија. На иницијативата поднесена во јули годинава, ДКСК сѐ уште нема одговор од Владата. Мандатот како в.д. директор на Тозија му заврши на 4 август. Во одговор на прашањето на МКД.мк, Владата вели дека сѐ уште не донела одлука за евентуално продолжување на мандатот на Тозија или за именување на нов директор на Агенцијата за филм. 

ДКСК го чека одговорот од Владата на поднесената иницијатива за поведување и утврдување одговорност за Тозија. Од ДКСК за МКД.мк велат дека одговор по поднесената иницијатива сѐ уште нема, но додаваат дека сѐ уште тече рокот од 60 дена. Следната недела е последниот рок за Владата да донесе одлука за овој предмет во кој ДКСК бара одговорност од Тозија за непостапување и прекршување на процедурите во постапките за исплата на филмските проекти. Ако ДКСК одговори позитивно на иницијативата на Владата, тогаш Тозија треба да биде разрешен од функцијата. Но, доколку одговори негативно, тогаш ДКСК нема друг механизам за да бара разрешување на Тозија бидејќи Владата е таа која го именува и назначува.

На 23 јули Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) покрена иницијатива до Владата за поведување и утврдување одговорност и за в.д. директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, а во врска со непостапување односно прекршување на процедурите во постапките за исплата на филмските проекти согласно Законот за филмска дејност и договорите за финансирање на филмските проекти избрани на конкурс потпишани меѓу филмските продуценти и Агенцијата за филм.

Поврзано со овој предмет се и наводите дека во филмскиот совет на Агенцијата за филм постојат ситуации на судир на интереси, за што ДКСК откако ги испитала наводите утврдила дека директорот има надлежност да именува членови на филмскиот совет, кои пак даваат мислења по филмските проекти и кои понатаму директорот ги предлага на УО.

А.Д.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе