Градоначалникот Беџети не презел ништо во врска со дивоизградените платформи на Матка за кои медиумите пишуваат безмалку цела година.
ДКСК побара Владата да ѝ ги одзеде градежните овластувања на општина Сарај.
Според законот, на диво поставени платформи не може да се легализираат. Барања за легализација во февруари годинава поднеле Амет Саити и Џемал Саити, а градоначалникот на Сарај не одговорил на овие барања. Со непостапувањето по овие барања, градоначалникот Беџети го прекршил Законот за локална самоуправа, информираат од ДКСК.