По анализата на Службен весник и својата евиденција

ДКСК: 710 поранешни функционери ќе добијат казни затоа што не поднеле анкетен лист

Државната комисија за спречување на корупција утврди 710 случаи на лица кои во предвидениот законски рок од 30 дена по престанокот на нивната функција до антикоруционерите не поднеле анкетен лист, поради што ќе им биде изготвен прекршочен налог. До бројката на поранешни функционери ДКСК дојде по увидот во годинешните изјаднија на Службен весник во делот на избори - именувања и во сопствената евиденција.

Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, ќе бидат поднесени прекршочни платни налози по член 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

„Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози, односно ќе започне прекршочна постпака понатаму доколку не ги платат платните налози“, рече Ивановска.

Таа нагласи дека како ќе бидат завршувани предметите, така ќе бидат и објавувани.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе