Разгледана иницијативата за законитоста на член 163

ДКСК ќе проверува, па Уставен суд ќе одлучува за Еуростандард банка

Уставниот суд на денешната седница ја разгледа иницијативата поднесена за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, но гласањето беше одложено со цел претседателот на Уставниот суд да поднесе иницијатива до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за проверка на евентуален судир на интереси на судиите со Еуростандард банка, што е од значење за понатамошниот тек на постапката.

По добивањето на информацијата од Антикорупциската комисија, како што велат од Уставниот суд, ќе продолжи постапката за овој предмет.

Седницата претходно на двапати беше одложена на 25 март и на 7 април поради состојбата со ширењето на коронавирусот.

Оштетените штедачи, физички и правни лица депоненти на Еуростандард банка денеска организираа собир пред Уставниот суд.

„Денеска сме повторно пред Уставниот суд, со надеж дека конечно ќе преовлада правдата и ќе победи правната држава. Денеска повторно на дневен ред пред Уставниот суд е одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки“, наведуваат штедачите.

Според нив, членот 163 став 3 од Законот за банки претставува генератор што продуцира нееднаквост на правните и физичките лица депоненти на банка во однос на Фондот за осигурување на депозити во случај на стечај или ликвидација на банка.

Сметаат дека со негово укинување или поништување ќе се постигне позитивен ефект не само во стечајната постапка за Еуростандард банка, туку тоа ќе предизвика потреба од темелна реформа на законодавството од областа на банкарското работење. Со тоа, како што наведуваат, ќе се надмине сегашната состојба според која сите во однос на Фондот за осигурување на депозити се во подредена положба, додека правните лица не само што не се еднакви, дури трпат и дискриминација.

„Сите стравувања на монетарната власт и недовербата на граѓаните можат да се надминат со една одлука на Уставниот суд, во кого оштетените физички и правни лица гледаат последна шанса за враќање на надежта во владеење на правото. Само Уставниот суд може да го укине законскиот текст кој овозможува и креира правна несигурност што води во неизвесност илјадници семејства. На потег е Уставниот суд“, велат од Здружение на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи".

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе