Нема крај на самоволието на локалните моќници

Дивоградбата кај Чинарот во Охрид стана пицерија „Луна“, никој ништо не му може на советникот Усеини

Дивоградбата, летната тераса кај Чинарот во заштитената зона на стариот дел на Охрид, од вчера стана пицерија „Луна" во сопственост на општинскиот советник од ДУИ Нефи Усеини.

Објектот е дивоградба, изграден е на државно земјиште без дозвола, има решение за уривање, но... Од март, кога почна поставувањето на оваа летна тераса, довршувањето на овој објект никој не го спречи. Има решенија, има записници, градоначалникот Константин Герогиевски вели дека знае дека е дивоградба, ама немаат фирма што би уривала вакви објекти. Пицеријата почна да работи. УНЕСКО даде рок до февруари да се спроведат сите нивни препораки за заштита на културното и природно наследство на Охрид.

На свеченото отворање на пицеријата присуствуваше и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко

Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот на Охридското Езеро, на стариот пат Охрид-Струга. Без дозвола. И без никаква интервенција на надлежните органи.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе