При контрола во домот на д-р Мухамед Асани

Директорот на струшката болница ординирал нерегистрирано дома после работа

При надзорот што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, е констатирано дека директорот на болницата во Струга, д-р Асани во својот дом има комплетно опремена гинеколошка ординација, која не е регистрирана, односно за која нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. Инспекторатот издаде решение за забрана со работа на оваа нелегална ординација, која изгледа функционирала најмалку осум години.. 

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности.

ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај, соопштуваат од Кабинетот на Николовски.

ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува. При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за која нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.

Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот, посочуваат од кабинетот на Николовски.

Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред осум години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани, стои во соопштението.

Инаку, две семејства од Дебар го обвинуваат д-р Асани за лекарска грешка која предизвикала тешки здравствени последици.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе