На гостувањето на Канал 77

Директорот на ДЗС не коментира дали и дијаспората ќе влезе во пресметката за уставно загарантираните 20%

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика не сакаше да даде одговор на прашањето како ќе се пресметува уставно загарантираните 20%  за остварување на правата на етничките заедници, дали 20% од вкупно попишаното население заедно со дијаспората или само резидентите, жителите присутни во Македонија. Тоа е политичка работа, одговори Симовски на денешното гостување на емисијата Стадион на радио Канал 77.

„Ние сме статистичари и нас тоа не не интересира“, изјави директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

За неговата неодамнешна изјава за можниот резултат од пописот, Симовски призна дека згрешил кога јавно прогнозирал за бројот на жителите во Македонија. „Тоа е бројка дадена врз основа на демографски податоци и анализи што ги има ДЗС, а не според досегашната динамика и резултати од пописот. Пописот е сосема поинаква операција од било кои други анализи“, рече Симовски.

Турската заедница, нема да признае бројка помалку од 7% по завршуваше на пописот и објавувањето на резултатите, кажа во денешното издание на емисијата Стадион, Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците.

„Според анализите направени во март годинава и кои што се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети направени од НВО, според избирачкиот список и анализите на Светска банка, анализи на ДЗС  во врска со процентот на наталитетот на Турците, ние како заедница тогаш усвоивме декларација во која меѓу другото потенциравме дека нашата зеедница не може да биде помалку од 7 % и не признаваме  бројка помала од овој процент“, рече Хусрев.

Тој наброја и неколку други забелешки за текот на пописот, како што е апликацијата која што е на турски, но одговорите се на македонски јазик. Тоа според него влевало сомнеж кај турската заедница дека резултатите ќе бидат релевантни. Реагираше и на бројот на попишувачи. Требало да има 206 попишувачи, задолжени за попишување на турската заедница. Во моментот фалеле околу 75 попишувачи. Како претставник на координативното тело за попис на Турците, Хусрев изјави доколку надлежните не ги отстранат тие недостатоци, можно е и да го бојкотираат натамошниот тек на пописот.

„Онаму каде што се користат податоци од базите, не можеме да ги преведуваме затоа што станува збор за огромни бази на податоци и одговорот доаѓа само на македонски јазик“, ја прокоментира Симовски изјавата на Хусрев.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе