МВР

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со претставници на ДЕА

Во Бирото за jавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска е остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и претставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија.

На средбата, на која присуствувле и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Како што соопштија од МВР, директорот Тасевски ја нагласил досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултирала со неколку успешни меѓународни операции во кои нашето Министерството за внатрешни работи учествуваше како респектиран партнер.

На средбата, било истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе