Директорката на Хематологија доби кривична пријава од Антикорупциска комисија, не поднела анкетен лист

Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д. директор во август 2017 година и оттогаш досега мандатот постојано ѝ бил продолжуван на 6 месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат, да доставува анкетен лист.

Пановска е именувана на директорката функција четирипати, а таа дури пред една недела, на 15 мај, ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Пановска-Ставридис, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко. Членовите на Антикорупциска комисија исто така ќе испитуваат како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот, откако во Комисијата пристигнала пријава од граѓани и загрижени лекари.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе