Директорката на Царина призна дека автобусите на „Беса транс“ не биле евидентирани дека излегле од Македонија

Ниту еден од автобусите на „Беса транс“ не бил електронски евидентиран во системот кога ја поминувал границата на Македонија. Системот работел бавно, изјави синоќа на ТВ 24 Славица Кутиров, в.д. директорка на Царинската управа.

„Вечерта на 18 и 19 ноември поминале уште 4 автобуси на „Беса транс“ и за нив немаме евиденција во системот, имаме сочувано патен лист, интербус и патна листа и тоа е уште една причина дека имало одредено несовесно постапување, односно немало соодветна евиденција согласно процедурата. Самата постапка предвидува дека превозникот е должен да приложи комплет документи, а еден од тие документи е и лицената. Не значи дека колегите ги побарале, тие тврдат дека ги побарале и врз основа на тоа се должни да извршат евиденција во системот. Недостасува електронската евиденција во системот. Ние не држиме копија од тие документи, туку имаме обврска да држиме заверена копија од превозот на патници. Според изјавите на службениците таа вечер системот работел бавно и не успеале да извршат евиденција“, рече Кутиров.

Од Царинската управа претходно изјавиле дека не знаат колку патиници се вратиле во земјава по патувањето во Истанбул. На излез од Македонија во автобусот што се запалил имало 51 патник и еден возач. Во вториот автобус на излез од земјава имало двајца возачи и 51 патник. Другите два автобуси имале 54 и 40 патници со возачи. Но, овие два автобуси имале само рачно напишан список со патници, на листите немало печат, немало број, датум, регистарска ознака и релација. За тоа колку патници влегле во земјава нема број. Царинската управа нема информации дали нинвните податоци се совпаѓаат со тие на нивните колеги на турската и бугарската граница. Од Царина велат дека во тек се проверки на документацијата од претходниот период.

Суспендирани се двајца цариници, а нивниот раководител ќе биде казнет. Против цариниците ќе биде поведена дисциплинска постапка и суспензија од работа.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе