„Утринава бев првиот кој реагираше на Вашата изјава од вчера. Многу колеги, пријатели и новинари ми се јавија со неверување дека сте изјавиле нешто такво вчера, а уште повеќе дека сте направиле таква постапка. Луѓето мислеа дека сте направиле лапсус. За жал, со вашиот денешен статус, го потврдивте мојот сомнеж. Претседателе Пендаровски, сте направиле катастрофа! Ова е стратешка грешка! Каков е тој „државен став" за кој не е и не бил информиран највисокиот државен орган Собранието на Република Македонија“, напиша Димовски на Фејсбук.
„Одлуки од ваков тип носи само Собранието на Република Македонија! Никој друг! Информирањето на Собранието се спроведува по официјален тек и ред, писмено, до Претседателот на Собранието, па тој до сите пратеници. Доколку материјалот имал некаква назнака за тајност, материјалот ќе го добиле само пратениците кои имавме сертификат за тајност. Два месеци после вашата лидерска средба, на која сте изградиле „државен став" (а сте немале право) Вие Претседателе имавте обраќање пред Собранието. Требаше тогаш да не информирате. Не кажавте ни збор. Јас бев пратеник, никој мене не ми кажал ваква информација, ни официјално, ниту неофицијално. А вие, заедно со Претседателот на Собранието и на Владата, и министрите за надворешни работи и европски прашања, сте имале формална обврска“, реагира Димовски.