Димовски: Oваа Влада е на ДУИ со премиер од СДСМ, 50% Македонци, помалку од уставно потребното, 44,44% Албанци, повеќе од уставно потребното

Составот на Владата е спротивен на темелните вредности на Уставот на Република Македонија, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

„Не ја сакам оваа тема затоа што верувам дека квалитетот на човекот во извршување на неговите работни задачи не зависи воопшто од неговата етничка припадност, но кога веќе вториот човек на Владата, господинот Артан Груби, ја отвара оваа тема, да ги видиме реалните бројки и да видиме дали тоа е во рамки на Уставот.

Како темелна вредност на државното уредување Уставот на Република Македонија во член 8, алинеја 2 вели и гарантира: "Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа."
Во оваа уставна норма има заштита за сите, па и за Македонците и помалите етнички заедници. Составот на Владата е спротивен на Уставот на Република Македонија.
Ако сакаме европски вредности, треба да ги почитуваме еднакво за сите, не само за себе.
Во составот на новата Влада има:
1. Членови (Претседател на Влада и министри): 12 Македонци, 8 Албанци
2. Заменици членови (заменици министри): 8 Албанци, 6 Македонци, 2 Турци
Вкупно: 18 Македонци, 16 Албанци, 2 Турци
Процентуално:
50% Македонци - значително помалку од уставно потребното;
44,44% Албанци - значително повеќе од уставно потребното (на штета на другите);
5, 55% други (само 2 Турци) - дупло помалку од уставно потребното (нема Роми, Срби, Бошњаци и Власи).
Мој предлог до господинот Артан Груби е да покажат големина и на места на четири членови или заменици членови на Владата да ги повлечат своите партиски кадри и да предложат по еден од помалите заедници кои не се претставени во Владата. ДУИ да предложи по еден Влав, Србин, Бошњак и Ром и на тој начин ќе ја обезбеди рамноправната застапеност на помалите етнички заедници.
На СДСМ не им предлагам ништо, зошто оваа Влада секако е Влада на ДУИ со Премиер од СДСМ“, пишува Димовски.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе