Отчетот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, околу случајот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко е прекинат откако по пријава до пратенците излезе информација дека иако затворена за јавноста седницата на собраниската комисија за надзор на работата на тајните служби се пренесувала на јутјуб каналот на Собранието. Заота пратеникот Павле трајанов на говорницата на собрансика седница побара објаснување што точно се случува.
„„Јас сум овде гостин. Ми беше речено да се прекине седницата и јас се согласив. Ја почитувам независноста на парламентарниот дом, а одговорноста ја носат раководителите на овој дом.. Уверен сум дека се преземени мерки и дека случајот ќе се расчисти. . Ќе оставиме Собранието да си ја заврши работата и да се направат проверки“, изјави Димовски по прекинот на седницата.
Она што дополнително ја компликува работата е тоа што салата во која се даваше отчетот на Димовски важи дека нема технички услови за пренос на состаноците.