Расправа за уставните измени

Димовски: Имаме план Б - Собранието да ѝ го одземе легитимитетот на Владата

План Б, како алтернатива за Преспанскиот договор е Собранието да го одземе мандатот на Владата за преговарање за промена на Уставот, потоа да се побара стратешко партнерство со ЕУ и НАТО, со сите права и обврски, освен правото на глас, сѐ додека не се реши прашањето околу името со Грција, рече на денешната собраниска расправа за уставните промени пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој побара Собранието да го одземе легитимитетот на Владата да продолжи сама да работи за прашањето за името. Димовски ѝ забележа на власта дека не ја почитува волјата на граѓаните изразена на референдум и дека во текот на преговорите со Грција, власта ја исклучила опозицијата, па дури и за референдумското прашање. Тој кажа дека не треба да се оди со глава во ѕид и дека не треба да се гледа црно-бело на ситуацијата.

„Владата излегла надвор од мандатот кој го имала при процесот на склучување договор со Грција. Ако Владата сакала да оди надвор од својот мандат требало да побара поддршка од Собранието. Измената на 51 член и Преамбулата е нешто што некој ни во најлош сон не можел да го предвиди. Повикувам единствено нешто што ова Собрание може да констатира е дека овој предлог од Владата треба да се врати на документите од 2008 години кои се последни обврзувачки документи за оваа и за која било идна влада. Тоа е единствениот начин на кој може да се излезе од оваа ситуација во која сите се донесовме. Не обвинувам никого и не сакам никој да прифати вина на било што. Потоа да ги најдеме точките за кои можеме да најдеме консензус. Собранието да го одземе легитимитетот на оваа Влада да продолжи сама да работи на ова прашање“, рече Димовски и додаде дека е против промената на членот 49 кој се однесува на македонските малцинства.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе