Димовски: Ако сакаше ВМРО-ДПМНЕ да го блокира Собранието, ќе поднесеше 350.000, а не само 35.000 амандмани

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, одговори на изјавите на претседателот на Парламентот, Талат Џафери, и рече дека неговата партија поднела 35.000 амандмани на Законот за употреба на јазиците за власта да сфати дека не треба да постигнат само политички, туку пред сѐ општествен консензус.

Тој им порача на владејачките структури, ако не сакаат, не мора да ги консултираат нив, но ги упати до научниците од МАНУ, здруженијата на помалите етнички заедници, јавноста.

Според Димовски, амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со забелешките на Иванов, а дел од неговите амандмани се за секој пратеник од која било националност да се изразува на својот јазик.

„Не може Џафери да го оспори правото на ниту еден пратеник да поднесе амандман и Собранието да не ги разгледа. Повтореното трето читање не е оценување на уставноста. Но, пратениците имаат право да укажат дали одредени решенија во законот се уставни или не. Собранието тоа го има како надлежност. И во претходните фази, постоело. Третата фаза која сега е во Собрание е целосно легитимна, а основ се укажувањата на претседателот Иванов“, рече Димовски.

Тој побара од Џафери да размислува во правец да обезбеди нормално функционирање на Собранието. Џафери, според него, има тешка обврска во овој момент и се надева дека нема да потклекне под, како што рече, политичката екскурзија, бидејќи досега има премногу кршења на процедурите.

„Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаа да ја блокираат работата на Собранието, ќе поднесеа 350.000 амандмани, а не само 35.000“, аргументира Димовски.

Според него, за завршување на сите амандмани во Собранието ќе бидат потребни од 70 до 150 дена. 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе