Димовски: „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ

Зоран Заев и армадилата на власта е целосно делегитимирани после синоќешното силување на демократијата и волјата на народот. Зоран Заев веќе нема легитимитет да говори за правда и правна држава, ја започна прес конференцијата во штабот на партијата Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев веќе нема легитимитет да говори за демократија или демократска држава!

Демократска и правна држава во која што се носат одлуки спротивно на уставот и јасно изразената волја на граѓаните на референдум, не постои!

Демократска и правна држава во која што се одложува гласање се додека не се соберат гласови на пратеници кои се под закана на политички прогон, не постои!

Сега се гледа која била намерата да се нарачаат политички конструирани обвиненија и притвори за 27 април, да се нарачаат монтирани предмети против деца на пратеници или да се ангажира специјалното јавно обвинителство да гони поранешна министерка за култура која е актуелен пратеник.

Раководството на СДСМ порачуваше дека Крсто Мукоски бил убиец кој морало да си лежи. „Ајде на здравје“ беше честитката од раководството на СДСМ за синот на пратеничката Авировиќ, а истите се радуваа и ликуваа што Елизабета Канчевска Милеска останала без пасош бидејќи таа била зло за Македонија.

Истото тоа раководство на СДСМ сега побара и доби поддршка за антидржавните политики токму од овие пратеници кои најжестоко ги напаѓаше.

Ова не се европски вредности и демократијата кон која што тежнее Македонија и македонскиот народ.

Македонија низ историјата поминувала низ премрежија но секогаш излегувала само како победник. Вчера бевме сведоци на кршењето на европските вредности, на притисоци, уцени, па дури и сомнеж за корумпирање се со цел да се спроведе штетниот и капитулантски договор на Заев со кој се сруши интегритетот и суверенитетот и идентитетот на Република Македонија.

Вчерашниот ден ќе остане запомнат како црн петок. Најцрн и најсрамен ден, во кој ордите на Заев го претворија демократскиот храм во пазар со името на државата.

Вчера бевме сведоци дека македонското собрание беше окупирано како да сме во состојба на војна.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе