Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.

Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

„Сакам да го поздравам усвојувањето на Резолуцијата на ЕП со големо мнозинство, вклучувајќи го и компромисот кој е постигнат околу вордингот за пристапувањето дека билатералните прашања не смеаат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес. Но не можам да избегнам да не ги спомнам некои од амандманите за кои се гласаше денеска. Сакам да изразам жалење и разочараност што беа усвоени амандманите 3 и 4 поднесени од ЕПП-групата, и би сакаал да изразам жалење што амандманот 2 поднесен од Белка, Пицула, Фајон и Шидер не доби поддршка од мнозинството“, рече Димитров во обраќањето на 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.

Едниот амандман на ЕПП се однесуваше на одлуката на ЕП дека претходните препораки за недискриминација на луѓе кои отворено изјаснуваат дека се со бугарски припадност или потекло, не се имплементирани и сè уште е проблем да се каже дека имаат нешто заедничко со Бугарија. Другиот, како што изјави, бугарскиот европратеник од ЕПП Андреј Ковачев инсистира на „историско помирување засновано заедничка бугарска историја, како што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство".

Во однос на спорот со Бугарија, Димитров кажа дека на неколку дена од изборите во оваа соседна земја, ние сме посветени да продолжиме со билатералните напори,  вклучувајќи ги и напорите на португалкското претседателство, за изнаоѓање начин да го надминеме прашањето, со цел да создадеме ситуација во која Софија, вели, ќе им се придружи на земјите-членки и да се постигне консензус во однос на усвојувањето на преговарачката рамка за конечно да се одржи првата меѓувалдина конференција и ги почнеме преговорите.

„Во прашање се многу работи вклучувајќи го и кредибилитетот на ЕУ во регионот“, вели Димитров.

Тој потсети на европскиот пат на С Македонија досега. Укажа дерка оваа година земјата одбележува 20 години од Догооворот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 16 години од добивањето на статусот на земја-кандидат, за бројните препораки на ЕУ за старт на преговорите, решавањето на спорот со Грција, усвојувањето на новата методологија и зеленото светло за старт на преговотрите во март, лани.

„Навистина е крајно време да го почнеме пристапниот процес. Ако тоа го постигнеме тоа ќе биде тројна победа за нас, за Софија и за ЕУ. Тоа ќе даде и голем сигнал за регионот“, нагласи Димитров.

За спорот со Софија, кој за некои не е прифатлив и е неразбирлив,  рече не е во прашање вообичаено билатерално прашање, бидејќи немаме несогласувања во однос на територијата, ниту за еконосмки или прашња од областа на животната средина.

„Кога станува збор за билатералните прашања мора да ги земеме предвид европските вредности принципи. Ние ја гледаме ЕУ како заедница на вредности каде културната и јазична разноликост е ценета, заштитена, промовирана и славина. Ќе се обидеме да ги убедиме нашите соседи дека ова е единствениот начин да се продолжи со односите врз основа на Договорот за пријателство, важен историски процес кој го започнавме во 2017 година. Би било грешка да се фокусираме само на овој предизвик, затоа решивме да се фокусираме на агендата на Владата – Европа дома. Идејата е да им помогнеме на нашите пријатели во Директоратот за соседска политика и преговори преку испорачување резултати во областитите утврдени со новата методологија од првиот кластер Основи: изборни реформи, реформи во правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, реформи во јавната администрација, во медиумите, јавни набавки, стстистика и дополнително животна средина“, рече вицепремиерот.

Во однос на усвојувањето на правото на ЕУ – акито, рече, наскоро треба да се усвои апдејтираната Националната програма за усвојување на акито, стратешки документ за пристапниот процес кој служи како база за билатералниот скрининг и подготовка на преговарачките позиции.

На прашање од европратеник во однос на спорот, Димитров нагласи дека клучната филозофија зад Договорот за пријателство е дека сакама да бидеме блиски, да бидеме пријатели, да работиме заедно, бидејќи делиме европска иднина.

„Договорот во членот 2 вели дека Бугарија ќе ги поддржи нашите напори за членство во ЕУ. Во контекст на Дооворот да – имаме некои разлики, имаме периоди во нашата историја кои може да ги сметаме заеднички, ајде да ги искористиме како мост на зближување а не за расправа. Клучот е во целосна имплементација на Договорот за пријателство, кој го вклучува и членот 2, и сметам дека на долг рок двете земји ќе добијат ако Бугарија не е пречка, туку стане најголем поддржувач на нашата евроинтеграција“, рече Димитров. 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе