Димитров задоволен: Кариерните дипломати во предност пред политичките решенија

Изминатава 2019 година беше плодна на дипломатски план, со оглед дека земјава го завршува членството во НАТО и дојде пред вратите за почеток на пристапни преговори со ЕУ, оцени денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Пред медиумите Димитров рече и дека е задоволен што во изминатите 2,5 години се зголемил бројот на криерни дипломати во однос на политичките решенија па така од јуни 2017 година до денес 87,5 осто од дипломатите се кариерни, за разлика од периодот од 2006 до 2017 година кога тој процент изнесуваше 33.

Сегашните решенија за кои не е завршена процедурата ги нарече успешна комбинација меѓу принципите и уметноста на можното.

„За мене како министер за надворешни работи посебно е важно во групата да има што е можно повеќе кариерни решенија, луѓе кои работеле во МНР, повеќето од нив се со 20 години дипломатски стаж. Јас како министер за надворешни работи се залагам за кариерни решенија, но морам да истакнам дека и политичките фактори во владината коалиција имаа кредит да овозможат толку висок процент на кариерни”, истакна Димитров.

Тој не го коментираше предлогот кога станува збор да политички решенија за амбасадори, да постои можност, ако има согласност меѓу Владата и претседателот, таквите амбасадори да се повлекуваат.

Што се однесува до последната група предложени амбасадори, се очекува веќе во јануари да бидат пополнети дипломатските позиции во меѓународните организации. Проблематични остануваат неколку имиња, главно предлози на политичките партии, но за нив ќе биде пресудно дали ќе добијат безбедносен сертификат, доказ за неосудуваност и кога тројца со двојни државјанства ќе го задржат само македонското.

Сите дилеми околу македонските амбасадори треба да се разрешат доколку во јануари се усвои новиот закон за МНР. Законот според дипломатски извори, добил согласност и од Делегацијата на ЕУ за европско знаменце, бидејќи во него е вклучен и „мерит” принципот. 

Инаку, според податоци од МНР, во прилог на професионализација на дипломатијата одат и бројките за неколку аспкети. Во периодот од 2006 до 2017 година, само 11,5 отсто од амбасадорите биле жени, а од јуни 2017 до денес тој процент изнесува 27,5 отсто. Од амбасадорите кои претходно биле испратени, последниот бран во 2014 сите вкупно имаат стаж од 28 години, значи во просек по три години дипломатски стаж, додека од оние кои се испратени од јуни 2017 до денес, со последниот бран во 2019 вкупниот дипломатски стаж е 214 години, односно во просек по 21 година дипломатски стаж.

Инаку МНР сега има 426 вработени, од кои 283 се во Министерството, а 143 во ДКП-ата, а актуелниот закон во повеќе делови е практично неспроведлив. Тој, според високи диломатски извори, предвидува автоматски унапредувања и со предвидената динамика на нови кадри со постечки кадри, сите би станале амбасадори за кусо време.

Со законот се извлекува дипломатскиот персонал од јавните службеници, бидејќи природата на нивната работа има сосема поинаков карактер и не може да биде подведувана на постапките и процедурите кои важат за јавните службеници.

Што се однесува до целите и активностите во периодот што претстои, клучни се неколку чекори за да се зголемат шансите Македонија во март да добие датум за преговори со ЕУ, вели шефот на дипломатијата.

„Имавме одличен извештај во мај, во јуни ни кажаа во октомври ќе има суштинска одлука, во октомври ни кажаа не одлучуваме, ќе одлучиме пред загрепскиот самит во мај во новата година. Многу ќе ни помогне доколку политичките сили кои имаат пратеници во Собранието најдат сили и визија, во интерес на државата и на народот да го донесат законот за ЈО, што ќе ја зајакне нашата кандидатура”, рече Димитров и додаде дека е важно да се продолжи и со работа на судските процеси.

Кон крајот на јануари се очекува новата методологија на Европската комисија за проширување, а на крајот на февруари или почетокот на март кус извештај за реформите.

„И тука ќе биде насочен нашиот фокус за 2020 година да биде успешна и во однос на подигнувањето на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел и во однос на почеток за преговорите за ЕУ”, рече шефот на дипломатијата.  

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе