Димитров во Софија на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, денеска во Софија,  ќе  учествува на 40-тиот состанок на Советот на министрите на Организацијата.

На состанокот на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка, како што соопштија од МНР, се очекува Република Северна Македонија да стане рамноправна членка на оваа организација.

Димитров, според најавите, во своето обраќање ќе ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во Организацијата за црноморска  економска соработка за земјите членки преку промовирање на духот на пријателство и добрососедство, како и продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе