Димитров во работна посета на Берлин

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Берлин каде што во германскиот Бундестаг ќе учествува на настанот насловен „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“, организиран од парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските Федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, Социјалдемократи, Зелените и Либералите.

Димитров, како што соопшти МНР, ќе се сретне со пратеници во Германскиот парламент на кои ќе им го презентира напредокот на Република Северна Македонија и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори во ЕУ.

Програмата на посетата опфаќа и средби со други релевантни соговорници од Министерството за надворешни работи и други владини претставници.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе