Димитров во посета на Талин по поддршка за почеток на преговори со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во работна посета на Естонија и таму пред соговорниците ќе ја пренесе пораката за потребата од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ што побрзо.

Како што соопшти СЕП, Димитров во Талин ќе се сретне со министерката за надворешни работи Ева-Марија Лииметс, со претставници на естонскиот парламент (Riigikogu) – Марко Микелсон, претседател на Комитетот за надворешни работи и Сиим Каалас, претседател на Комитетот за европски прашања, како и со претставници од кабинетот на премиерката Каја Калас, задолжени за европски прашања. Димитров ќе се сретне и со директорот на Естонскиот центар за источно партнерство, Герт Антсу.

На средбите ќе се дискутира и за зајакнување на билатералната соработка меѓу Македонија и Естонија, со особен фокус на процесот на дигитализација. Преку конкретна експертска поддршка, како една од најуспешните европски земји во однос на дигитализацијата, Димитров ќе разговара за пренесување на естонските искуства со е-влада, како и дигитализација на процесите и услугите за граѓаните и бизнис заедницата, се додава во соопштението на СЕП.

По неодамнешните посети на Вилнус и Рига, со Талин, Димитров ја заокружува балтичката турнеја, надоврзувајќи се на серијата посети на главни градови на ЕУ земји членки, значајни за евроинтегративниот процес на Македонија.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе