Димитров во посета на Брисел и Берлин

По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, а потоа ќе замине за Берлин. Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври годинава.

Во Брисел е предвидено Димитров да учествува на работен состанок со амбасадорите на земјите-членки при ЕУ (КОРЕПЕР), на кој ќе ги претстави тековните активности на земјата во пресрет на Советот, ќе потсети на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период и ќе побара носење на одлука за почеток на пристапните преговори.

Димитров ќе учествува и на настан организиран од страна на германскиот Маршалов фонд во Брисел, посветен на патот на Република Северна Македонија кон европската и евроатлантската интеграција. Тој ќе се сретне и со високи претставници на европските институции, меѓу кои и еврокомесарот Јоханес Хан, а ќе присуствува и на приемот по повод Денот на независноста, 8 Септември, кој го организираат дипломатско конзуларните претставништва на земјава во Брисел.

Во Берлин, пак, како што е најавено, предвидени се низа работни средби, меѓу кои и со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот и со други владини претставници, како и со повеќе пратеници од Бундестагот, со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел и други релевантни соговорници. За време на посетата, планирано е и учество на министерот Димитров на работен појадок организиран од страна на Фондацијата „Корбер“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе