ЗА „скај њуз“

Димитров: Во Лондон барам поддршка од најстарата демократија во светот

Европската унија ја гледаме како клуб на земји за кои владеењето на правото е важно, медиумите се слободни и механизмите за контрола на власта функционираат, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Скај њуз“.

Димитров, објаснувајќи зошто Македонија сака да влезе во ЕУ и што може да помогне Велика Британија, вели дека во време кога светот станува понепредвидлив, „веруваме дека ќе бидеме побезбедни и сигурни во поглед на нашата иднина ако сме дел од ЕУ“.

„Тие што се внатре често забораваат колку е студено надвор. Во Лондон сум со цел да добијам поддршка од најстарата демократија во светот за тоа што јас верувам дека е многу надежна перспектива за мојата земја Македонија. Успеавме да излеземе од длабоката морална криза како посилни и позрели. Имаме силна одлучност да изградиме вистинска европска демократија и патувам низ етаблираните демократии низ Европа за да ја пренесам таа порака и да ја добијам нивната поддршка. Бидејќи, поддршката од Велика Британија е големо охрабрување на граѓаните на Македонија, рече Димитров.

Во врска со добрососедските односи со Грција, Димитров потсети дека дека неговата прва официјална посета била токму на Грција.

„Имав 18 години кога Македонија стана независна. Наскоро ќе имам 45. Треба да направиме повеќе и подобро како генерација“, рече Димитров. 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе