Посета

Димитров во Холандија: Пред 3 години бевме „заробена држава”, сема сме ретка надежна приказна

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на активностите од првиот ден на работната посета на Хаг, денеска се сретна со Мајкл Стибе, дипломатски советник за Европа во канцеларијата на холандскиот премиер, Питер Омзихт и Клас Дајкоф, пратеници во Долниот дом на холандскиот Парламент, како и со поранешниот министер за надворешни работи Берт Кундерс и поранешната холандска амбасадорка во Македонија и актуелна амбасадорка за човекови права во МНР на Холандија, Мариет Шурман.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека на средбите со пратениците Омзихт и Дајкоф, Димитров накусо се осврнал на постигнатото во клучните реформски области. Притоа биле разменети информации во врска со последните политички случувања во земјата и за атмосферата од првиот круг на претседателските  избори. На средбата со Стибе било разговарано за направеното на домашен план и бил поздравен историскиот пресврт постигнат преку договорите со Грција и Бугарија.

„Ако пред три години бевме ‘заробена држава’, сега/денес сме ретка надежна приказна за вистински демократски пробив. Република Северна Македонија има направено доволно и е спремна да ја отвори следната врата од нејзиното европско патување по принципот ‘стриктно и фер’. Нашата цел е суштински да ги унапредиме процесите во општеството и да обезбедиме услови за подобар живот на нашите граѓани. Тоа најдобро можеме да го направиме преку отворање на пристапниот процес, негово суштинско почитување и темелна реформа”, изјавил Димитров.

На средбите со Кундерс и со Шурман се разговарало за преземените активности на земјата во изминатиот период во функција на обезбедување напредок во евроатланските процеси и актуелните домашни случувања. Се зборувало и за теми поврзани со заштитата на човековите права во Северна Македонија, при што било поздравено севкупното унапредување на состојбите но ова поле преку зајакнувањето на постојната законска рамка и усвојувањето на законот за антидискриминација.

За утре е најавена средба на Димитров со холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок. 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе