Димитров во Грац ќе држи предавање за Договорот од Преспа

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Грац, Република Австрија, каде што на покана на Универзитетот во Грац, ќе одржи предавање проследено со отворена дискусија на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија“.

„Посебен акцент ќе биде ставен на Договорот од Преспа, ‘европеизацијата‘ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија“, соопшти МНР.

За време на престојот, Димитров, освен со раководството на Универзитетот во Грац, ќе има работна средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, како и неформална дискусија со претставници од академската и бизнис заедницата. На средбите, според најавите, ќе се разговара за европската интеграција на земјата, досегашните остварувања на планот на реформската агенда, како и можностите за продлабочување на академската и економската размена и соработка.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе