Димитров во францускиот Сенат: Ние сме дел од планот за подобра иднина на Европа

Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со којашто претседаваше Жан-Франсуа Рапен, претседател на Комисијата за европски прашања.

„Поддршката и пријателството од еден од моторите на Унијата, токму во овој одлучувачки период за нашата европска иднина е потврдена. Северна Македонија ѝ припаѓа на Европа не само географски, ние сме дел и од планот за нејзината подобра иднина, изјавил Димитров.

Зборувајќи за актуелните случувања во нашиот регион и пошироко, како што соопшти СЕП, Димитров и француските сенатори заклучиле дека Северна Македонија претставува една од најдобрите шанси за пробив во регионот, пример кој ќе покаже дека преговарачкиот процес може да успее.

„На Франција и на ЕУ ѝ се потребни партнери кои се залагаат за стабилност, добрососедски односи и регионална соработка. Позитивната траекторија на Северна Македонија не само што може да претставува поттик за останатите, туку и своевиден гарант на стабилност“, порача Димитров.

На сесијата во францускиот Сенат учествувале претседателката на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта де Сидрак и претседателот на групата за пријателство Франција-Северна Македонија, Арно Базен.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе