Димитров во Давос: Крајно време е за чекор напред на европскиот пат

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат,  отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача министерот за надворешни работи на панелот на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ во рамки на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија

„Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред Самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и Регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива. Во меѓувреме добредојдена е секоја идеја која ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни“, рече Димитров.

Панелот посветен на „Стратегиски дијалог за земјите на Западен Балкан“ беше една од главните иницијативи на агендата на овогодишниот форум. Со панелот модерираше Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, а ко-претседавач беше Мирослав Лајчак, министер за надворешни работи на Словачка. Меѓу учесниците а во својство на специјални гости поканети беа бугарскиот премиер Бојко Борисов, Сума Чакрабати, претседател на Европската банка за реконструкција и развој, Кристалина Георгиева, управен директор на ММФ, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска,словенечкиот премиер Марјан Шарец, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и косовскиот претседател Хашим Тачи.

На маргините на Форумот Димитров, како што соопшти МНР, имал куси средби со премиерите на Бугарија и на Хрватска.

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов се разговарало за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Борисов притос уште еднаш ја потврди поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во разговорот со хрватскиот премиер Пленковиќ, Димитров му се заблагодари нему лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, држејќи го нашето прашање високо на агендата на ЕУ.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе