Димитров во Брисел на подготвителен состанок за декемврискиот Самит на НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, кој претставува последна подготовка за Самитот што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.  

„Република Северна Македонија, која во моментов има статус на ‘поканета‘ земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања“, соопшти Министерството за надворешни работи. 

Според најавите од МНР, Димитров во Брисел ќе ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

На маргините на состанокот, Димитров ќе има повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на Алијансата.  

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе