Димитров во Берлин: Со спроведување на реформи до модерна европска демократија

Со средбата со Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Франк Штајнмаер, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денес во Берлин ја започна дводневната работна посета на Германија.

Димитров, како што соопштија од СЕП, информирал за приоритетите на новата Влада чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.

„Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која што ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани“, изјавил Димитров.

Соговорниците се согласиле дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на Германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе