Димитров во Берлин, ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Вархеји

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин каде што ќе учествува на втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан со која ќе претседаваат германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Како што соопшти МНР, во рамки на работната посета планирани се и средби на Димитров со негови колеги и други високи учесници на настанот, како комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји. Предвидено е министерот да се сретне и со високи претставници од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.

„Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ниво на ЕУ за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Северна Македонија за отворање на преговорите“, наведува МНР.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе