Димитров во Берлин: Довербата во проширувањето зависи од успехот во македонското европско досие

Политиката на проширување како најважната алатка на надворешното дејствување на ЕУ и македонското евроинтегративно досие како клучно за кредибилитетот на Унијата се темите за кои разговараше вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров со генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) – Стефано Санино и со државниот секретар во германското МНР, Мигуел Бергер во Берлин.

Средбата со генералниот секретар Санино се одржа на маргините на годишната конференција на ЕЦФР Советот во којшто членуваат и двајцата соговорници. На состанокот, како соопштија од кабинетот на Димитров, Санино истакнал дека најважниот чекор напред во политиката на проширување е почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија.

За ова се разговарало и на средбата со државниот секретар Мигуел Бергер, на којашто била реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Македонија.

„Европската перспектива е лепакот што ги соединува прогресивните сили во регионот. Обновувањето на довербата во политиката на проширување е можно само преку успех во македонското европско досие”, изјавил Димитров.

Бергер, пак, кажал дека Германија ќе продолжи интензивно да работи на ова прашање што е наведено како приоритет и во коалицискиот договор на новата влада.

На маргините на годишната конференција на ЕЦФР, Димитров имаше средба и со новоназначениот, иден претседавач со Минхенската безбедносна конференција, германскиот дипломат Кристоф Хојсген кој ќе го наследи амбасадорот Ишингер.

Димитров и Хојсген разговарале за проширувањето на ЕУ низ призмата на обезбедување стабилност и сигурност. Во тој контекст, Хојсген ја истакнал важноста на Преспанскиот договор како еден од столбовите на регионалната безбедност и соработка на Западниот Балкан и пошироко.

Работната посета на Берлин, Димитров ќе ја заврши со првата средба со новоименуваната министерка за Европа Ана Лирман и состанок во берлинската канцеларија на тинк тенкот Европска иницијатива за стабилност (ЕСИ).

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе