копретседавачот на комисијата од бугарска страна

Димитров: Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми

Без резултат заврши 14-тиот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, по завршувањето на дводневниот состанок на видеоконференција, копретседавачот на комисијата од бугарска страна проф. Ангел Димитров посочи дека вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со конкретни теми, проблеми, а работите да се сведат на специфична условно – теоретска рамка.

Според проф. Димитров, „нашиот обид да ги натераме барем да вметнат нешто специфично за лекцијата за цар Самоил во нивната теоретска рамка, исто така, не најде согласност и разбирање. Ова е реалната состојба".

Како што пренесува БНР, следниот состанок на Комисијата се очекува да биде во средината на октомври. Проф. Ангел Димитров изрази надеж дека летните месеци ќе дадат можност да се преиспита овој став за работа и да се направи некој чекор, додавајќи дека се надева дека тоа ќе биде чекор напред.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе