ИНТЕРВЈУ ЗА БЛУМБЕРГ

Димитров ветува заживување на разговорите со Грција и референдум за името

Новата влада на Република Македонија ќе го забрза забавениот процес за зачленување во Европската Унија со реорганизирање на судството и зајакнување на владеењето на правото, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, член на владиниот кабинет, предводен од социјалдемократите кои ја преземаа власта минатата недела, со што заврши двегодишната политичка криза.

Тој рече дека новата влада ќе се обиде да ги поправи односите откако ЕУ ја критикуваше балканската држава за слабото судство и уназадувањето на демократијата под поранешниот премиер Никола Груевски. Димитров изјави дека новиот премиер, Зоран Заев, ќе ги поништи, како што ги нарече СДСМ, „авторитативните“ практики кои ја одвлекоа земјата од нејзиниот пат кон интегрирање во ЕУ и НАТО.

„Имавме влада каде водачот, моќник, можеше да решава за судбината на секој граѓанин или фирма, без оглед дали се работеше за кривична постапка, вработување или среќа“, изјави Димитров (44) во интервју за Блумберг. „ЕУ одлучи да биде искрена и рече дека Македонија е заробена држава. Сега имаме голема планина пред нас“.

Заев ја презеде функцијата во време кога неговата земја е во центарот на борба за влијание во поранешната комунистичка Европа меѓу Русија и нејзините противници од Студената војна. Груевски, поддржан од Москва, упорно ги отфрлаше обвинувањата на ЕУ дека ја заробил државата и велеше дека блокот ги занемарувал неговите напори за реформирање на земјата со два милиона жители. Патот на републиката, која нема излез на море, кон зачленување во ЕУ и НАТО беше блокиран и поради спор со Атина поради името „Македонија“, кое покрај земјата го носи и еден грчки регион.

Димитров рече дека ќе ги заживее разговорите со Грција и дека за секое решение „ќе се гласа на референдум“. Министерот, кој беше и преговарач во спорот за името, рече: „Важно е да се постигне решение што граѓаните ќе го прифатат и со кое нема да се чувствуваат понижено“.

И ЕУ и САД одиграа влијателна улога во надминувањето на застојот меѓу Заев и Груевски, кој беше најлошиот застој во земјата по крвавиот распад на Југославија. Партијата на Груевски не обезбеди парламентарно мнозинство откога победи на изборите во декември, а претседателот Ѓорге Иванов, сојузник на Груевски, не му дозволи на Заев да формира коалиција со партии што ги застапуваат етничките Албанци, со изговор дека тоа ќе довело до нестабилност. Иванов попушти под притисок од Вашингтон и Брисел откога прогруевските демонстранти минатиот месец упаднаа во Собранието, при што го нападнаа Заев и го повредија него и десетици други луѓе.

Заев стекна влијание за време на двегодишните протести што уследија откога објави снимки од наводното незаконско прислушување на 20.000 судии, полицајци, политичари и други Македонци од Груевски. Сега мора да ги обнови институциите и да ги отстрани пречките што ЕУ може да ги употреби како оправдување за одложување на преговорите со земјата, изјави Димитров, поранешен амбасадор во Вашингтон.

„Процесот на пристапување некогаш личи на преправање – политичките елити во регионот се преправаат дека реформираат, а земјите членки се преправаат дека ги интересира“, рече Димитров. „Нашата цел не е да се зачлениме во ЕУ само за да се зачлениме. Сакаме да имаме европска земја“.

Администрацијата на претседателот Владимир Путин се противи на натамошното проширување на НАТО и ЕУ, но со различни резултати. Црна Гора штотуку се зачлени во воениот сојуз, што се косеше со желбите на Москва, но поради присоединувањето на Крим и поддржувањето на проруските сепаратисти од Путин се попречија напорите на Украина за градење поблиски односи со ЕУ.

Кремљ ги поддржа обвинувањата на Груевски дека владата на Заев ќе поттикне етнички тензии и укажа на судир меѓу полицијата и „албански бунтовници“, како што ги нарече поранешната влада, близу границата со Косово во 2015 година, кога загинаа 20 луѓе. Димитров одрече дека постои некаква поврзаност.

„Конфликтот во Македонија немаше никаква врска со етничкото потекло“, рече тој. „Се работеше за демократија против автократија и за одговорност против неказнивост“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе