50 години македонска дипломатија

Димитров: Верувам во нашите европски амбиции

Секоја земја во дипломатијата го истакнува својот идентитет, својата културна вредност, својата историска традиција. Улогата на дипломатијата е да гради мостови, пријателства, а првите 50 години се секогаш најтешки во градењето на дипломатијата, порачаа учесниците на конференцијата „50 години Македонска дипломатија”, што ја организираа Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека професионалната дипломатија е темелот на нашиот успех и Министерството за надворешни работи е куќата која ги чува, ги надградува и ги мобилизира искуствата научени низ годините.

„Поучени од минатото кога некои отворени прашања ги блокираа интегративните процеси, но и служеа како изговор за неодговорна домашна политика, избравме одлучен и проактивен пристап при етаблирање на државата како стабилен и одговорен регионален и европски чинител. Практикувањето политика на отворен пристап насочен кон решавање на проблемите и отворените прашања, треба да остане во основата на нашите дипломатски активности“, рече Димитров.

Тој додаде дека постојано треба да се зацврстуваат и надградуваат темелите врз кои ќе почива нашата дипломатија, ориентирана кон резултати во нашите надворешно-политички приоритети и интереси, како и дека квалитетна и професионална дипломатска служба е врвен државен интерес од кој зависи нашата долгорочна стабилност и просперитет.

Според Димитров, визијата го одредува патот на нашата диполоматија и токму визијата што ја имаме пред очи ни овозможува да ја видиме земјата како рамноправна членка и партнер во светското семејство на држави.

„Водени од изворните европски вредности и нејзиниот потенцијал за квалитативна трансформација на земјите членки, нивната стабилност, безбедност и просперитет, членството во ЕУ претставува врвен приоритет на нашата надворешна политика. Наша крајна цел е преку процесот на европско пристапување да создадеме предуслови за зрело и одговорно демократско општество по урнек на докажаните европски демократии. Верувам во нашите европски амбиции и потребата од брз европски пробив“, заклучи Димитров.

Словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец истакна дека првите 50 години во градењето на една дипломатија се најтешки.

„Вие денес одбележувате 50 години дипломатија. Тоа значи дека сте успеале. Македонија и Словенија се многу слични и во дипломатијата почнаа со неформален капацитет“, рече Јазбец, и додаде дека дипломатијата е исто со националниот идентитет на една земја.

Тој изрази надеж дека Северна Македонија наскоро ќе го заврши формалниот дел и ќе стане дел од процесот на европската интеграција и ќе почне да дејствува како да е дел од него.

Претседателот на Дипломатскиот клуб, амбасадорот Виктор Габер рече дека денеска се одбележува 50-годишнината од формирањето на органот на извршната власт за односи со странство. Според Габер, секоја земја во дипломатијата го истакнува својот идентитет, својата културна вредност, својата историска традиција.

„Во надворешната политика клучно влијание има развојот на внатрешните односи. Ние денес како држава сме самостојна суверена, етаблирана на меѓународен план. Имаме многу добра основа за понатамошен развој на сите субјекти за афирмација на земјата. Не е лесно и не е ниту едноставно, бидејќи вие мора да имате материјални и човечки ресурси кои ќе одговараат на предизвикот, кои ќе одговараат на другиот партнер и ќе одговараат со своите знаења да ги спроведат тие интереси. Затоа ние сме многу горди што успеавме во овие години од осамостојувањето да изградиме еден орган, што првично беше од 33 луѓе, а сега имаме една разгранета структура на Министерство за надворешни работи и на многу значајни субјекти кои помагаат. Тука е научната фела, медиумите, инситуциите во државата“, изјави Габер.

На вториот дел на Конференцијата свои обраќања имаа и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, државниот секретар Зоран Попов, дипломати и амбасадори во Министерството за надворешни работи.

 

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе