сабота, 4 мај 2024

Реал Мадрид го победи Кадиз и дојде на чекор до титулата (ВИДЕО)

Реал Мадрид со убедливи 3-0 го победи Кадиз, доколку Барселона вечерва не слави кај Жирона, кралскиот клуб ќе стане шампион.

Објавено на

часот

Сподели

Анчелоти направи дури десет измени во составот на Реал Мадрид во однос на мечот против Баерн Минхен од Лигата на шампионите.

Кадиз одолеваше во првото полувреме, но не можеше и во вториот дел. Резултатот го отвори Диаз со прекрасен гол во 51. минута.

Веднаш откако влезе во игра, Џуд Белингем даде гол во 68. минута за предност на Реал Мадрид и од 2-0.

Во третата минута од судиското продолжение по асистенција од Начо Ернандез, Хоселу ги постави конечните 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ