Димитров учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествува на 24. Министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува денеска и утре во Виена, Австрија. На Министерскиот совет денеска се дискутираше за активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ-регионот, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

„Како држави-учеснички на ОБСЕ имаме одговорност да направиме повеќе напори со цел да го направиме ОБСЕ поефикасно при справување со предизвиците. Истовремено, треба да соработуваме и да ја имаме пред нас во вид повисoката цел. Но пред сè, како што и Македонија научи на потешкиот начин, преку сопствената неодамнешна политичка криза, не смее да има поинаква алтернатива на нашите заеднички вредности: заштита на човековите права, основните слободи и демократските норми, економска слобода и одговорност. Вредности кои се од бенефит и за македонската демократија, како и за патот кон кој сме цврсто посветени – европска и евро-атлантска интеграција", рече Димитров.

На маргините на состанокот, како што соопшти МНР, Димитров остварил повеќе билатерални средби и куси видувања со претставници на ОБСЕ, како и со свои колеги и други шефови на делегации.

Воедно министерот Димитров учествува и на панел организиран и воден од страна на генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, посветен на улогата, перцепцијата и иднината на теренските операции на ОБСЕ, на кој беа претставени две успешни приказни – македонската и молдавската. Министерот Димитров во своето обраќање на панелот нагласи дека треба да се ослободиме од стигмата и поврзувањето на присуството на ОБСЕ-мисија во земјата со кризи и потешкотии, и наместо тоа да се фокусираме на позитивните можности за соработка преку релевантни проекти од помош за земјата.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе