Димитров: Ставот на Бугарија нема правен ефект на одлуката на ЕУ

Со билатерални напори меѓу Скопје и Софија ќе успееме да покажеме дека добрососедските односи со Бугарија и македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ, не само што не се меѓусебно исклучувачки со евроинтеграциите на земјата, туку се комплементарни на патот кон ЕУ, смета министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Во однос на ставот на Бугарија, Димитров вели дека е еднолатерален и правно нема ефект на заедничката одлука на ЕП.

„Некои од елементите на ставот според нас не се во согласност со Договорот за добрососедство и да речеме прашањето за македонскиот јазикот е директно спротивно со Договорот од Преспа, каде во нашата идентитетска карта јазикот е македонски. Сметам дека со билатерални напори меѓу Скопје и Софија ќе успееме да го придвижиме процесот и да покажеме дека добрососедските односи со Бугарија и македонскиот јазик и идентитетот на македонскиот народ, не само што не се меѓусебно исклучувачки со евроинтеграциите на земјата, туки се комплементарни на патот кон ЕУ. Ако не, ќе биде парадокс ако се соочиме со предизвик за тоа кои сме на патот кон Европа, која е изградена на јазична различност и меѓусебно прифаќање. Верувам дека со многу работа меѓу двете земји ќе стигнеме таму и ќе успееме историјата да не доближи, а не дополнително да не раздели. Не верувам дека е лесно, но колку поголеми се пречките, така поголем е успехот на крај на денот“, изјави Димитров за време на онлајн брифингот на тема „Северна Македонија се приближува на ЕУ: Напората работа прави историја?“ во организација на непрофитниот тинк-тенк Европски центар за политики, чиј претседател е Херман Ван Ромпуј, поранешен претседател на Европскиот совет.

Во однос на билатералните односи со Унгарија, Димитров вели дека има прашања за кои многу се се согласуваме, но и нешто во што имаме разлики каде Никола Груевски на некој начин е персонификација на нашите разлики.

„Има прашања за кои многу се согласуваме, како што е унгарската политика на проширувањето на ЕУ. Имаме силни економски врски. Питер Сијарто беше во лична посета и донесе билатерална поддршка во корна кризата. Но, имаме и некои разлики, за кои верувам дека името на поранешниот лидер Никола Груевски е на некој начин персонификација на нашите разлики. Правно имаме судски случаи против Никола Груевски и преку Министерството за правда имаме барање за екстрадиција, но тоа не се случува“, изјави Димитров.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе