Виртуелна средба

Димитров-Рот: Ковид-19 не познава граници, потребно е европско заедништво и солидарност

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната „виртуелна“ заедничка прес-конференција со германскиот министер Михаел Рот ја повика ЕУ да ја разгледа можноста да даде поддршка за ублажување на последиците од коронавирусот во регионов и добро да ја разглед аможноста за пренасочување на ИПА фондовите. 

Димитров како проблем ги наведе граѓаните заглавени во други држави, па повика на солидарност и помагање едни на други.

Што се однесува до помошта од ЕУ, Димитров изјави дека сите држави имаат воведено вонредни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, за ограничување на патувањата, но намирниците и лековите мора да се движат, па затоа е важен непречен премин на стоката и превозниците.

Според министерот Рот, враќањето на граѓаните во нивните земји е тешка задача за сите земји и треба да се прошири соработката за ова прашање.

Што се однесува со одлуката за почеток на преговори со ЕУ, Рот повика на уште малку трпение и додаде дека е оптимист оти следните недели ќе има одлука и зелено светло за Македонија и Албанија.

На прашање дали Германија предвидува преку ЕУ да даде поддршка на ИПА фондовите на нашата држава, Рот посочи дека тоа е обврска на ЕУ.
„Јас и во мојата прва изјава кажав дека тоа е обврска од страна на ЕУ колку што е можно да има стабилност и за подобрување на Западен Балкан. Преговараме за иднината на ЕУ и да бидат дадени средства за да се подобри состојбата во Северна Македонија. Сега во фокус е состојбата на граѓаните и состојбата со коронавирусот. Се надевам дека и во ЕУ ќе ни успее да и помогнеме на вашата држава и колку што може да се преброди оваа состојба", рече Рот.

По најавите на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи дека ЕУ донела одлука да ѝ даде датум за преговори на нашата држава Димитров вели „должни сме кон народот да бидеме внимателни. Ситуацијата е изгледна, но не е завршена“.
„Сѐ уште се дебатира како да се одржи состанокот на Советот за надворешни работи. Белгија се затвори и тешко е било кој да присуствува во моментов. Се преговара за одржување на состанокот преку видео врска, но сметам дека ЕУ ќе прати лош сигнал дека е толку оптоварена со епидемијата за да не може да расправа за други прашања“, рече Димитров.
Тој додаде дека не е завршена до крај ни дебатата, ни текстот на заклучокот кој се однесува на Македонија, уште повеќе што КОРЕПЕР не е тело кое носи политички одлуки.
Рот, пак, изрази надеж дека следната недела „ЕУ ќе испорачаме одлука за преговори иако со паниката околу корона вирусот тоа не е лесно“.
„Јас лично се залагам Советот да се состане виртуелн. Германија работи интензивно да се донесе позитивна одлука за Македонија и сметам дека е многу потребно земјите од Западниот Балкан да почувствуваат дека и во овие тешки моменти ЕУ стои зад нив“, изјави Рот.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе