Димитров-Рот: Да се зграби првата прилика за заслужената одлука за почеток на преговори со ЕУ

Ако сакаме натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров од Берлин.

На средбата со државниот министер во германското Министерство за надворешни работи, надлежен за Европа, Михаел Рот, Димитров нагласил во неколку наврати изминатава година и половина бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање преговори со ЕУ.

Димитров и Рот, како што соопштија од МНР, направиле рекапитулар на актуелните состојби во Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

Министерот Рот посочил дека ја споделуваат „разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред“.

„Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома“, рекол Рот.

Димитров во Берлин се сретнал и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, а на средбата била истакната недвосмислената поддршка на Кабинетот на канцеларката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посетата на Берлин продолжува и утре, со учество на втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а предвидени се и средби на маргините на конференцијата. Димитров, според најавата, ќе учествува и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе