По бугарското вето

Димитров: Проблемот со блокадата не е само наш, туку и на Западен Балкан и ЕУ

„Ние имаме одговорност кон нашиот народ да го заштитиме бидејќи, кога луѓето поминуваат низ моменти на надеж, а потоа следува разочарување и, тоа се повторува на секои шест месеци од 18 јуни 2018 година навака, тоа не е здраво за нацијата", изјави вицепремиерот Никола Димитров коментирајќи го вчерашното бугарско вето во Луксембург најавувајќи дека Македонија ќе продолжи со реформите чија цел е изградба на функционална европска демократија.

Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и додаде дека блокадата не се однесува само на нашата земја, туку дека последици ќе има и за иднината на ЕУ и на Западен Балкан.

„Во Солун во 2003 година ЕУ му даде ветување на Балканот и тоа беше потврдено во Софија на самитот на ЕУ за Западен Балкан, но потврдено и годинава во Љубљана: Сѐ потешко ми е кога како вицепремиер им зборувам на луѓето како е тоа можно. Земјите од регионот и економски и политички, но и историски и кулурно, припаѓаат на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења во поддршка на остварување на ветувањето дадено во Солун. Немаме алтернативно решение освен да станеме функционална европска демократија која што е проследена со економски просперитет. Ќе продолжиме со реформите бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните прегооври нашиот пат е јасен – ќе работиме кон градење на европска демократија", рече Димитров коментирајќи го неуспехот на ЕУ вчера повторно да испорача почеток на преговори за Македонија и Албанија.

Димитров предупреди дека проблемот не е само наш, туку е проблем за самата ЕУ.

„На некој начин оваа блокада не се однесува само на иднината на Северна Македонија во ЕУ, туку и на Западен Балкан. Сторивме се што можевме. Ние сме отворени, ние сме искрени и веруваме дека европското решение заедно со европските вредности е можно. Кога ова се случува треба да бидеме позитивно изненадени. Ние имаме одговорност кон нашиот народ, кон нашите народи да го заштитиме бидејќи, кога луѓето поминуваат низ момент на надеж, а потоа следува разочарување, а тоа е така на секои шест месеци од 18 јуни 2018 година навака, тоа не е здраво за нацијата", порача Димитров.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе